Ј.П. Билјанини Извори во Охрид, Македонија
Јавното претпријатие Билјанини Извори е најмладо јавно претпријатие , формирано со одлука на Советот на град Охрид на 28 февруари 2008 година. Неговата основна дејност е да стопанисува со Спортско рекреативниот центар Билјанини извори и јавниот паркинг простор.
Спортско рекреативниот центар се наоѓа на 695 метри надморска височина, со идеални климатски услови во текот на целата година ( 232 сончеви денови во годината ), лоциран на излезот на Охрид во подножјето на планината Галичица.
Инфраструктура што ја поседува Спортско рекреативниот центар овозможува одлични услови за спортско професионално и рекреативно користење на истата, како и можности за организирање на културни, музички и други алтернативни настани.
Спортско рекреативниот центар бил домаќин на многубројни спортско-културни манифестации од кои поважни се:
- Европско сениорско првенство во ракомет за жени - 2008 година
- Светско младинско ракометно првенство за мажи - 2007 година
- Светско кадетско ракометно првенство за жени - 2008 година
- Европско младинско кошаркарско првенство за мажи - 2000 година
- Концерт на Лени Кравиц - 2008 година
- Концерт на Боб Синклер - 2009 година
- Балкански полициски спортки игри
Јавниот паркинг простор е втората дејност со која стопанисува ЈП Билјанини Извори. Во овој момент ние раководиме со следните јавни паркинзи на територија на Општина Охрид :
- Цвеќара Мартина
- Дом на култура
- Горна порта
- Паркинг АСНОМ
Последни вести
Поставена најмодерната атлетска патека во Македонија (3:22 PM, 04/30/2010)
Со обележувањето на атлетската патека заврши проектот вреден 500.000,00 евра кој го подржаа Светската атлетска федерација, Европскиот олимписки комитет, Атлетската федерација на Македонија и Агенцијата за Млади и спорт.
Избрани најдобрите на турнирот Охрид 2010 (1:18 PM, 04/01/2010)
Покрај наградите за најдобрите екипи,доделени беа и индивидуалните награди на фудбалскиот турнир Охрид 2010. За посебни заслуги за развој на македонскиот женски фудбал доби проф. Катерина Стојаноска, единствената девојка тренер на турнирот.
Спарадајз е победник на турнирот “Охрид 2010“ (1:13 PM, 04/01/2010)
Екипата на Спарадајз е победник на турнирот во мал фудбал Охрид 2010. Спарадајз во финалето со 5-4 на пенали го совлада минатогодишниот вицепрвак Вис Пој. Регуларниот дел од натпреварот и продолженијата завршија 1-1.
