Почитувани,
ЈП Билјанини Извори деновиве е домаќин на повеќекратниот кошаркарски шампион на Македонија К.К. Работнички. Седумдневните подготовки во Охрид тренерот на клубот Марин Докузоски максимално
ја искористува спортска сала Билјанини Извори, атлетска патека и фитнес центарот Фит Форм за што подобро да се спремат за претстојната натпреварувачка сезона. Подобрувајќи ги во континуитет условите за тренирање и натпреварување на спортските екипи во соработка со спортските охридски клубови убедени сме дека ќе придонесат за уште поголем интерес кон изборот Охрид и СРЦ Билјанини Извори да постане прв избор за подготовки и натпреварување на многуте национални и интернационални спортски тимови.