Фаворити победници на турнирот во Баскет 3×3

Почитувани,
Екипата на Фаворити триумфираше на овогодинешниот турнир во Баскет 3х3 кој се одржа во изминатите месец дена во организација на ЈП Билјанин а по повод празникот 7 ноември. Екипата составена од Петар и Васко Бојоски, Јован Николоски и Марјан Бошалески во саботното финалето со 15-6 ја совладаа екипата на Ноа. Во полуфиналните пресметки Фаворити подобри беа од Ликвид (15-10), додека тимот на Ноа поуспешен беше од Дента Медика (9-6). Во битката за трето место славеше Ликвид кој со 14-8 победи против Дента Медика.Во шутирањето на тројки најдобар беше Марјан Бошалески (Фаворити) кој прецизно уфрли десет тројки. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 22 000 денари, а имаше и медали за најдобрите.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите поддржувачи и соработници во реализацијата на турнирот и најавува за наредното трето издание многу новитети како за учесниците така и за самите посетители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *