Почитувани,ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека од четврток 23 март до 31 март градскиот стадион “Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење. Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион од четврток ќе започнат со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева. ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.