Инфраструктурни активности во СРЦ “Билјанини Извори”

Со доаѓањето на пролетта се интензивираат активностите за подобрување на условите на спортската инфраструктураа. Денес, со поддршка на Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид започнавме со неколку инфраструктурни активности со кои ќе овозможиме подобри услови за сите корисници на помошниот терен со вештачка трева како и реконструкција на фудбалското игралиште во склоп на поранешната касарна. 👍👍👍

Известување

Почитувани, ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека до 29 март градскиот стадион “Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење.Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион веќе се започнати со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева.ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.

Нови ракометни голови

Стигнаа новите ракометни голови, со највисок сертификат, одобрен од страна на Интернационалната ракометна федерација, како дел од нашиот континуиран процес за модернизирање и подобрување на условите во спортската сала “Билјанини Извори”. Чекор по чекор им овозможуваме одлични услови за тренинг и натпревари на сите ракометни екипи, како национални така и интернационални, кои имаат желба да ја користат нашата сала за подготовки, натпревари и турнири. Особено ни е мило што во ова време на подем на ракометот во Охрид успеваме како претпријатие да им овозможиме одлични услови за тренинг и натпревари на нашите охридски ракометари и клуб ГРК Охрид како наш мал скромен придонес за постигнување на што подобри резултати. 💪Тука како претпријатие не застануваме така што и во иднина согласно нашите можности ќе бидеме посветени кон модернизирање на спортските реквизити и услови на спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори”.