Вчера во посета на нашето претпријатие беа учениците од економската школа “Стана Милановиќ” од Шабац, Р. Србија. Тие се дел од Ерасмус проектот во кое е вклучено и нашето економско школо СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид
9-ти спортски игри
9-ти спортски игри БМРО во организација на Лукоил Македонија започнуваат и ке се одржат во период од 10 – 13 Април во организација на Лук оил Македонија.
Машинско пресејување
Машинско пресејување и потхрана на спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ активно работи на одржување и подобрување на квалитетот на своите спортски терени. Во рамките на редовното одржување, спроведено е машинско пресејување со спортски видови на тревни смеси, со цел да се обезбеди густа, издржлива и квалитетна тревна површина погодна за интензивна употреба.Дополнително, терените се потхранети со гранулирано ѓубриво, кое обезбедува неопходни хранливи материи за оптимален раст и развој на тревата. Со овие мерки се продолжува грижата за спортските терени, обезбедувајќи подобри услови за спортските екипи и рекреативците.ЈП „Билјанини Извори“ останува посветено на одржувањето на високите стандарди на своите терени и унапредување на спортската инфраструктура во Охрид.