ЈП “Билјанини Извори” со поддршка на Општина Охрид продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува. Денес во присуство на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид се стави во функција реконструираното северно фудбалско игралиште со природна трева кое долги години беше запоставено и надвор од секаква употреба на фудбалските школи и клубови. Во изминатиот период на истото се направија градежно-санациони активности, нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева, дополнително заградување на игралиштето и поставување на систем за наводнување. ЈП “Билјанини Извори” согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година ја реализира и ова предвидена активности веруваме на задоволство на сите фудбалски школи и клубови. Ставањето во функција на северното фудбалско игралиште претставува чекор напред кон комплетно уредување на тој простор со кој стопанисува јавното претпријатие.
#ЈПБилјаниниИзвори#ОпштинаОхрид#Фудбал#СпортскаИнфраструктура