Спортската сала “Билјанини Извори” домаќин на традиционалниот Семинар за ракометни тренери кој започна денес и ќе трае до утре, 15-16 јуни. Организатор е Здружението за ракометни тренери на Македонија.
Меѓународен натпревар по џудо
Домаќини на меѓународниот џудо натпревар “Струга Опен” 2024 кој се одржа вчера во спортската сала “Билајнини Извори”. Учествуваа 600 џудисти од три континенти. Натпреварот го организираше џудо клубот од Струга под покровителство на Џудо Федерацијата на Македонија.
Осветлен помошниот терен со веш. трева
После повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови успеавме да го реализираме проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева. Со реализацијата на овој проект Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” продолжуваат максимално да се фокусирани во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови. Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите активности да ги продолжат и во вечерните часови што за овој годишен период при вакви дневни температути и при многу корисници како од Македонија така и од странство кои се моментално на припреми во Охрид ќе значи многу. Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” и во иднина ќе продолжи со инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и условите за спортските корисници. Следно на ред е уредувањето на мини трибината и оградата кај помошното игралиште со вештачка трева за што веќе е објавен јавен повик за избор на изведувач.