Со доаѓањето на пролетта се интензивираат активностите за подобрување на условите на спортската инфраструктураа. Денес, со поддршка на Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид започнавме со неколку инфраструктурни активности со кои ќе овозможиме подобри услови за сите корисници на помошниот терен со вештачка трева како и реконструкција на фудбалското игралиште во склоп на поранешната касарна.
Известување
Почитувани, ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека до 29 март градскиот стадион “Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење.Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион веќе се започнати со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева.ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.
Нови ракометни голови
Стигнаа новите ракометни голови, со највисок сертификат, одобрен од страна на Интернационалната ракометна федерација, како дел од нашиот континуиран процес за модернизирање и подобрување на условите во спортската сала “Билјанини Извори”. Чекор по чекор им овозможуваме одлични услови за тренинг и натпревари на сите ракометни екипи, како национални така и интернационални, кои имаат желба да ја користат нашата сала за подготовки, натпревари и турнири. Особено ни е мило што во ова време на подем на ракометот во Охрид успеваме како претпријатие да им овозможиме одлични услови за тренинг и натпревари на нашите охридски ракометари и клуб ГРК Охрид како наш мал скромен придонес за постигнување на што подобри резултати. Тука како претпријатие не застануваме така што и во иднина согласно нашите можности ќе бидеме посветени кон модернизирање на спортските реквизити и услови на спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори”.