Денешниот ден помина во хуманитарен карактер.Со финален натпревар заврши 7-мо Ноемврискиот хуманитарен турнир во мал фудбал. Победници на првиот хуманитарен турнир е тимот на АСП ПАК кој во интересен и возбудлив натпревар го победи тимот на МАГНА со 5:2. Малото финале му припадна на тимот на ЈП Водовод кој го совлада тимот на ЈП Охридски Комуналец со 7:1. Пред почетокот на свеченото доделување на наградите на првопласираните, собраните средства од котизациите на сите 12 екипи кои се во износ од 72000-денари, ги доделивме на Здружението лица со дијабет Тип 1 од Охрид. Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека останатите средства собрани преку хуманитарните паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие ” Билјанини извори” ги доделивме на Гордана Попоска за поддршка во лекувањето на нејзиниот син Петар во висина од 40000 денари. Им посакуваме здравје.Им благодариме на сите учесници за поддршката и хуманоста.
Реновирани соблекувални
Соблекувалните добија комплетен нов и модерен лик каков што и заслужуваат спортските тимови
Хуманитарен турнир во мал фудбал
7-мо Ноемвриски хуманитарен турнир во Мал фудбал. JP Biljanini Izvori Ohrid во соработка со Општина Охрид организира хуманитарен турнир во Мал фудбал. Турнирот се одржува по повод чествувањето на 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид. На турнирот учествуваат 12 фудбалски тимови (ЈП “Билјанини Извори”, Општина Охрид, ЈП “Охридски Комуналец”, ЈП “Градски Пазар”, ЈП “Водовод”, ЈП “Нискоградба”, ЕкоШпар, Костал, Магна, Жито леб-Екстра Скопско, ЛТХ Леарница и АСП-ПАК) распоредени во 4 групи по три тима.Натпреварите од турнирот ќе се одржат во спортската сала “Билјанини Извори” и тоа на 28/29 10. 2023 и на 04/05 11. 2023 година. За најуспешните три тимови се обезбедени пехари додека собраните средства за учество на турнирот (6000 по тим) ќе се донираат во хуманитарни цели за што дополнително ќе ја известиме јавноста.Распоред на групи:Група А – ЈП “Билјанини Извори”, ЛТХ Леарница и Магна,Група Б – АСП ПАК, Жито Леб-Екстра Скопско и Општина Охрид,Група Ц – ЕкоШпар, ЈП “Охридски Комуналец” и Костал, иГрупа Д – ЈП “Нискоградба”, ЈП “Водовод” и ЈП “Градски Пазар”.Натпреварите започнуваа во сабота на 28 ноември од 9 часот. ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите тимови за учеството и поддршката на хуманитарниот турнир во мал фудбал и воедно ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на натпреварите и на таков начин бидат и тие дел од дружењето и поддршката на нашите заеднички цели.