ОТВОРЕНИ ТЕРЕНИ

Отворени терени со кои стопанисува ЈП Билјанини Извори се Градскиот стадион, фудбалскиот терен со вештачка трева и мултифункционалното игралиште.
Градскиот стадион е изграден во 1978 година, фудбалскиот терен е од природна трева додека вкупниот капацитет на гледалиштето е 2500 седишта. Димензии на фудбалскиот терен се 100/65 метри.
Фудбалскиот терен со вештачка трева е изграден во 2015 година и има една од наквалитетните подлоги со вештачка трева во Македонија. Таа е донација од ФФМ преку програмата за развој на УЕФА. Димензиите на теренот се 100/55 метри.
Мултифункционалното игралиште е изградено во 2016 година и е со тврда подлога. На него може да се игра мал фудбал, ракомет и баскет. Димензиите на игралиштето се 45/25 метри.
За дополнителни информации Ве молиме да се обратите на следниот број на телефон 078/246 855 ( Пеце )