Почитувани,
ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека согласно одлуката донесена од страна на Советот на општина Охрид на ден 14. 06. 2018 год.за давање на согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање ( зонско паркирање ) во општина Охрид на ден 02. 07 2018 година (понеделник) ЈП Билјанини Извори започнува со примена на зонското паркирање како што е регулирано во одлуката на Советот на град Охрид. Сите граѓани на Охрид, гости, посетители ги известување дека од понеделник ЈП Билјанини Извори ќе врши наплата на паркирањето од 7 и 30 до 03 часот секој ден од неделата. Наплатата ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644. Ги замолуваме сите наши корисници да го следат упатството поставено на инфо таблите на сите улици на кои ние вршиме наплата согласно СМС системот и строго да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата.
Доколку имате нејаснотии или ви е потребна консултација ги упатуваме сите наши корисници да се обратат кај нашите контролори или на следниот телефонски број 078 298 – 359.