Започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг

ЈП „Билјанини извори” ја известува јавноста дека од денес 15-ти јули започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг, уврдена со одлука на Советот на Општина Охрид број 08-8533/26 од 10.06 2019 година.

Премиум зоната се применува на сите јавни паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот.

Исто така ЈП „Билјанини извори” ги информира граѓаните на стариот дел на градот дека од денес 15-ти јули ставен е во функција електронскиот систем за влез и излез со помош на магнетни картички кај „Горна порта”, „Фаќач на крст” и црквата „Света Богородица-Каменско”.

Сите граѓани на стариот дел на градот кои до сега немаат обезбедено магнетни картички, денес ќе можат да го напуштат стариот дел на градот само преку излезната рампа кај „Горна порта”, а за повторен влез ќе мора да обезбедат магнетна картичка, која ја издава Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *