Промена на цените за користење на паркинг просторот

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека од 1 септември 2019 година (недела) согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година цените за користење на паркинг просторот со кој стопанисува ЈП Билјанини Извори за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) ќе се намалат за 10 денари за секој час паркирање и тоа Зона А од 40 денари на 30 денари за еден час и Зона Б од 30 денари на 20 денари за еден час додека третиот степен на ограничување Зона Премиум ќе се намали за 40 денари за секој час паркирање и ќе изнесува 60 денари за еден час паркирање.

РК АЕК од Атина гостин на ЈП Билјанини Извори

Шампионот на Грција и овогодинешниот победник на Меѓународниот ракометен турнир во Струга екипата на АЕК од Атина гостин во Спортската сала “Билјанини Извори”.
Фотографии од натпреварот помеѓу РК Охрид и РК АЕК Атина.

Во полн ек фудбалските летни припреми

Фудбалските терени на СРЦ “Билјанини Извори” до максимум искористени за подготовките на фудбалските тимови. Во овој момент Охрид и ЈП Билјанини Извори се домаќини на неколку странски и домашни фудбалски тимови, и тоа :

ФК Трајал Крушевац, Р. Србија
ФК Динамо Врање, Р. Србија
ФК Ренова
ФК Тирана, Р. Албанија
ФК Косово од Дукаџин, Р. Косово

Во деновите пред нас очекуваме уште неколку странски и домашни тимови кои Охрид и нашиот центар ги одбраа за летни припреми на нивните тимови.