НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИОТ 3×3 БАСКЕТ ТУРНИР – ОХРИД

Дојде времето за долгоочекуваниот кошаркарски спектакл! Оваа недела ќе се одржи големиот 3×3 баскет турнир, исполнет со адреналин, забава и вистинска спортска магија.Старт: 15:00 часот. Први на терен излегуваат нашите најмлади кошаркари во ревијален дел, поделени во три категории: М12, М14 и М16. Нивниот ентузијазам и борбеност ќе ја отворат кошаркарската атмосфера на најдобар можен начин.После ревијалниот дел, започнува вистинската баскет акција! На турнирот учествуваат 12 екипи, поделени во две групи. Следува борба за секој поен, секој офанзивен скок и секоја украдена топка! Полуфинале и Финале: 07.12.2025 од 20:00 часот. Очекувајте: многу забава, изненадувања, дружење, украдени топки, забивања, невозможни пасови и вистинско шоу!

Ве очекуваме да уживаме заедно во најмасовниот спорт во светот, баскет 3×3!

Да создадеме атмосфера што ќе се памети! Ве очекуваме!