J.П. „Билјанини Извори“ продолжува со вложувања во унапредување и модернизација на опремата за одржување на тревнатите спортски терени. Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, реализирана е набавка на нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени. Заедно со тракторот е набавена и повенаменска вертикална косилка PERUZZO коала 1600, која покрај редовното косење овозможува и отстранување на сувата трева преку посебни ножеви. Согласно потребите на претпријатието, дополнително е обезбедена и опрема за подобро одржување и прихрана на тревата – ѓубре расфрлач со хидроулично регулирање и прскалка 330L со АГМ пумпа со 8 метри рам, со кои ќе се овозможи оптимално прихранување и третирање на тревната подлога, како на фудбалските терени, така и на голф теренот. Со оваа набавка, Ј.П. „Билјанини Извори“ продолжува да создава услови за современо и професионално одржување на спортската инфраструктура со која стопанисува јавното претпријатие.