И официјално овогодинешната пливачка сезона на реконструираниот градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворена. Пред многуте родители и деца се обратија Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и директорот на ЈП “Билјанини Извори” Теодор Андоновски при што на пливачките клубови им посакаа многу успешна работа во претстојната сезона додека на сегашните и идни пливачи им посакаа многу успех во совладувањето на убавините на пливањето.