Започна турнирот во кошарка 3×3

Со одигрувањето на натпреварите од првото коло синоќа во
спортската сала „Билјанини Извори“ започна турниот во кошарка 3х3.
Во групата „А“ постигнати се следните резултати: Жито леб – Охрид
Холидејс 3: 15 , Комуналец – Фаворити 0: 2 и Тераса Аквариус – Ноа
9: 11.
Во групата „Б“ играа: Кентерс – МТ Интернационал 16: 4, Леарница –
Дента медика 3: 15 а натпреварот помеѓу екипите на Ликвид и
Општина Охрид е одложен.

На турнирот учествуваат 12 екипи поделени во две групи со по 6
екипи. Ќе играат секој со секоја а првите четири од двете групи ќе
направат нова група и се така до финалето .
Следниот викенд – во сабота ќе играат: Жито леб – Комуналец, Охрид
Холидејс – Тераса Аквариус , Фаворити – Ноа сите од „А “ група а во
групата „Б“ во второто коло од турнирот 3х3 ќе се натпреваруваат:
Кентерс – Ликвид, МТ Интернационал – Леарница, и Општина Охрид –
Дента медика .
Третото коло ќе се игра во недела. Познати се и натпреварувачките
двојки: Жито леб – Тераса Аквариус, Комуналец – Ноа, Охрид
Холидејс – Фаворити, Кентерс – Леарница, Ликив – Дента медика и
МТ Интернационал – Општина Охрид.
Организатор на турнирот е ЈП „Билјанини Извори“ а се одржува во
пресрет на Седми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *