Градскиот стадион “Билјанини Извори” и Охрид домаќини на женските А репрезентации на Република Северна Македонија и Луксембург. Причината е утрешниот натпревар кој ќе се одигра на градскиот стадион со почеток од 13 часот и 30 минути. Натпреварот е дел квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во 2023 година. ЈП “Билјанини Извори” и посакува многу успех на нашите фудбалерки на утрешниот натпревар и воедно ги поканува сите љубители на фудбалот да дојдат утре и заедно да го бодриме нашиот национален тим.