Нови ракометни голови

Стигнаа новите ракометни голови, со највисок сертификат, одобрен од страна на Интернационалната ракометна федерација, како дел од нашиот континуиран процес за модернизирање и подобрување на условите во спортската сала “Билјанини Извори”. Чекор по чекор им овозможуваме одлични услови за тренинг и натпревари на сите ракометни екипи, како национални така и интернационални, кои имаат желба да ја користат нашата сала за подготовки, натпревари и турнири. Особено ни е мило што во ова време на подем на ракометот во Охрид успеваме како претпријатие да им овозможиме одлични услови за тренинг и натпревари на нашите охридски ракометари и клуб ГРК Охрид како наш мал скромен придонес за постигнување на што подобри резултати. 💪Тука како претпријатие не застануваме така што и во иднина согласно нашите можности ќе бидеме посветени кон модернизирање на спортските реквизити и услови на спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори”.