Спортски ден

ЈП “Билјанини Извори” веќе неколку години наназад има потпишано меморандум за соработка со ОСУ “Св. Кирил и Методиј” – Охрид со кој учениците се обврзани да обавуваат практична настава во јавното претпријатие. На таков начин тие стекнуваат знаење и професионални вештини во делот на сметководството, правото, човечките ресурси, набавки и маркетинг. Како дел од нашата желба учениците не само да се стекнуваат со нови практики туку и да ги практикуваат истите заедно организираме спортски настан кој самите ученици ќе ги водат сите сегменти на организација и реализација. ЈП “Билјанини Извори” изразува голема благодарност до координаторот проф. Горан Попоски и проф. Гордана Бешироска, Маја Цветанова и проф. Димитар Вејланоски. Како иницијатори и креатори на овој проект, а ментори за извршената пракса, се нашите колеги мр. Весна Балазоска Милошевиќ и Тони Илијоски. Ја известуваме јавноста дека настанот е предвиден да се организира на отвореното игралиште во склоп на ОСУ “Св. Кирил и Методиј”. Носители на настанот се учениците од трета година а на настанот имаат право да учествуваат сите ученици од ова училиште. Учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат во четири дисциплини: баскет, одбојка, пикадо и тргање на јаже. Пред официјалниот почеток проф. Кате Бујароска Анѓелеска ќе ги загрее сите учесници. По овој повод ги покануваме сите охриѓани, идните средношколци и родители да дојдат и да се дружат со нас.