Хуманитарен “7-мо Ноемвриски” турнир

ЈП “Билјанини Извори” во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании, организира и оваа година, втора по ред, Хуманитарен “7-мо Ноемвриски” турнир во мал фудбал. Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список на играчи ( име, презиме, бр. на лична карта, заверени со печат и потпис од организацијата ) треба да биде доставен до дирекцијата на ЈП “Билјанини Извори” , спортска сала “Билјанини Извори” најдоцна до 13. 09. 2024 година.Котизацијата за овој турнир ќе изнесува 9000 денари по екипа, и истите треба да бидат уплатени најдоцна до 27.09.2024 година (петок). Жиро сметка: 250000200889342, Шпаркасе Банка, Цел на дознака: за хуманитарен турнир во мал фудбал.Пријавувањето на екипите ќе се врши преку нашиот официјален мејл biljaniniizvori@gmail.com. За повеќе информации Ве молиме да се обратите на нашето одговорно лице за хуманитарниот турнир Тони Илијоски (076/443004).Бројот на екипи е ограничен затоа побрзајте и резервирајте го Вашето место како учесник на хуманитарниот турнир во мал фудбал.Парични средства собрани по основ на котизација ќе бидат насочени за хуманитарна цел за која дополнително ќе одлучиме и ќе ја известиме јавноста. За првопласираните три екипи следува пехар додека на сите учесници организаторот ќе им додели благодарници и термини за спортски активности во спортскиот центар “Билјанини Извори”.