Вчера во спортската сала Билјанини Извори се одиграа четвртфиналните натпревари од традиционалниот турнир во Баскет 3×3 кој се организира по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид.
По одигрувањето на натпреварите се познати и полуфиналните натпревари во кои се сретнат:
Ликвид – НОА и Дента Медика – Алпојо.
Самата завршница, полуфиналните натпревари и натпреварите за трето и прво место, ќе се играат во среда (06. 11.) со почеток од 20 часот.
Резултати четвртфинални натпревари
Ликвид – Грини 15:9
Нова Ривиера – НОА 9:12
Дента Медика – П. Лихнида 15:12
Органска Буковка – Алпојо 10:15