Традиционалниот турнир во Баскет 3×3 кој го организира ЈП Билјанини Извори со поддршка на Општина Охрид а по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид ги доби првопласираните три екипи како и најдобриот изведувач на тројки на турнирот.
Во вчерашната завршница први на сцена излегоја полуфиналистите и тоа Ликвид – НОА и Дента Медика – Алпојо. Во првото полуфинале екипата на Ликвид победи со резултат 15:11 додека во второто победи екипата на Алпојо со резултат 10:15. По полуфиналните натпревари прво се одигра натпреварот за трето место каде екипата на Дента Медика го победи тимот на НОА со 14:15. Пред големото финале се одржа натпреварот во тројки на кој се пријавија 8 учесници а наградата за најдобар је освои Драгослав Лихванчев – Гаго со постигнати 14 тројки во една минута. Најдобриот изведувач ЈП Билјанини Извори го награди со оригинал кошаркарска топка.
Супер финалето навистина беше супер и многу интересно до самата завршница со многу атрактивни потези и пред се фер плеј игра. Овогодишен победник и освојувач на големиот кошаркарски трофеј од турнирот во Баскет 3×3 2019 година е екипата на Ликвид која во големото финале ја совлада екипата на Алпојо со 15:13.
На првопласираните три екипи организаторот на турнирот им додели медали, торфеј и паричен износ и тоа 15 000 денари за прво, 7 000 денари за второ и 4 000 денари за трето место.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите екипи кои учествуваат на турнирот, на сите поддржувачи и пријатели на турнирот.
Дружењето, рекреацијата и градењето на фер плеј и почит се голем мотив за ЈП Билјанини Извори така што со нетрпение го очекуваме третото издание на Баскет турнирот и се надеваме дека уште поголем број на учесници ќе имаме со посебен акцент на помладата популација.