ЈП “Билјанини Извори” денес во 9:30 донираа во одделот за геријатрија при Општата болница – Охрид 6 анти декубитни душеци и две ПВЦ врати за потребите на одделот. Донацијата од страна на ЈП “Билјанини Извори” официјално ја предаде директорката на претпријатието г-ѓа Гордана Јованоска при што истакна дека оваа скромна донација е еден мал придонес од нас како општествено одговорно претпријатие во насока на подобрување на секојдневните услови на сите присутни во одделот за геријатрија.
ЈП Билјанини Извори и во иднина ќе продолжи да се однесува општествено одговорно во рамките на можностите на претпријатието.