Спортската сала “Билјанини Извори” повторно домаќин на женската кошарка

Од вчера на неколкудневни подготовки во Охрид се наоѓа женската кошаркарска сениорска репрезентација на Република Северна Македонија.
Охрид и Спортската Сала “Билјанини Извори” ќе се база на репрезентативките до 8 ноември кога репрезентацијата заминува за Летонија на квалификациски турнир.

Видео надзор на пловните објекти

 По многуте барања од сопствениците на пловни објекти пред се поради обезбедување на поголема сигурност за нивнните пловни објекти ЈП “Билјанини Извори” од денес во функција го стави поставениот систем за видео надзор. Истиот се постави каде што се усидрени пловните објекти, како што можете да видите на приложените фотографии, од едната страна на каналот Студенчишта со кој стопанисува јавното претпријатие. Ова е уште еден заеднички чекор кон воспоставување на подобри услови, во овој случај поголема безбедност за пловните објекти, за сите оние кои одлучиле да склучат договор со нас за времено усидрување на своите пловни објекти во каналот Студенчишта.

Известување до јавноста

Почитувани,

ЈП “Билјанини Извори” после превземањето на просторот наменет за сидрење на пловни возила кој се наоѓа на м.в. “Студенчишта”, доделен на времено користење со одлука на Советот на Општина Охрид, започна со акција за расчистување и уредување на споменатиот простор согласно потребите на корисниците-споствениците на пловни објекти.
По тој повод, а поради тоа што немаме евиденција во чија сопственост се наоѓаат понтоните, кои се во прилог на известувањето, јавно го повикуваме сопственикот/сопствениците да дојде/дојдат на споменатата локација за да си ги подигнат и дислоцираат понтоните. Доколку тоа не го направат во рок од 4 дена заклучно со ден недела 07. 06 2020, ЈП Билјанини Извори ќе биде приморано да го стори истото за што дополнително ќе побара финансиско обештетување од сопственикот/споствениците на понтоните.