ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека утре во 09 часот свечено ќе биде отворен првиот меѓународен турнир во фудбал “Охридски Бисери” генерација 2008/2009 и 2010. Натпреварите ќе се одиграат на терените на Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори” и тоа на 18 и 19 октомври со почеток од 9 часот и 30 минути.
На турнирот ќе учествуваат 10 фудбалски екипи со своите тимови по генерации и тоа од Охрид, Р. Хрватска и Р. Црна Гора при што посебно би сакале да го истакнеме присуството на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб.
Ги покануваме сите фудбалски фанови да ни се придружат на свеченото отварање утре (петок) со почеток од 9 часот на градскиот стадион за да после тоа заедно со нас ги проследат возбудливите фудбалски натпревари од првиот ден на меѓународниот турнир “Охридски Бисери”.
Category Archives: Uncategorized
Познати групите за турнирот во Баскет 3×3
Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори пред присутните претставници на сите 14 екипи пријавени за 7-мо Ноемврискиот турнир во баскет 3×3 се одржа ждрепка за двете групи согласно договорениот формат на турнирот. Двете групи се состојат со по седум екипи и тоа : Група А – Мт Интернационал, Кентерс, Ликвид, Органска Буковка, Дентал Медика, Коста 2 и Нова Ривиера. Група Б – Алпојо, Аквариус, Леарница, Коста 1, Грини, НОА и Попаџонс Лихнида.
Натпреварите по групи се играат по принцип секој со секого додека најдобрите четири екипи од секоја група понатаму се вкрстуваат се до финалниот натпревар.
Првото и второто коло е закажано за во недела 20 октомври со почеток од 19 часот, натпреварите се играат во спортската сала “Билјанини Извори”.
ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите љубители на кошарката, спортот, рекреацијата да дојдат и заедно со екипите и нас како организатори да ги проследат натпреварите од вториот по ред турнир во Баскет 3×3 кој се организира по повод претстојниот празник 7 – ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид. Влезот е слободен.



ЈП Билјанини Извори на првите спортски компаниски игри
ЈП Билјанини Извори по покана на Српската федерација на компаниски спорт учествуваше на првите Компаниски спортски игри кои се одржаа во Агиа Триада во близина на градот Солун од 25 до 29 септември. На спортските игри учество зедоа околу 200 вработени од повеќе од 15 компании од Р.Србија, Р. Северна Македонија и Р. Грција. ЈП Билјанини Извори како компанија беше единствен претставник од нашата држава и учествуваше со четири свои вработени предводени од директорката г-ѓа Гордана Јованоска.
На игрите учесниците се натпреваруваа во неколку спортско рекреативни дисциплини и тоа фудбал на песок, одбојка на песок, пикадо, пинг понг, влечење на јаже, пливање, фрлање на камен, скок во далечина од место, туркање на рака, баскет 3×3, шах и танцување. Иако за време на натпреварите имаше многу возбудливи моменти и многу неизвесни натпревари сепак резултатот беше во втор план а акцентот беше ставен на дружењето и стварањето на нови пријателства.
За време на спортските игри директорката на ЈП Билјанини Извори одржа неколку работни средби со претставници на организаторот и компаниите учесници. Посебно би ги истакнале средбите со туристичката заедница на град Белград, Стопанската комора на Србија и Грција и организацијата на Меѓународните спортски турнири ширум Европа на која се разговараше околу можностите за соработка со нас како компанија и градот Охрид со акцент на соработката во областа на туризмот. За време на средбите директорката од име на градот Охрид и од име на ЈП Билјанини Извори им се заблагодари за поканата и можноста како единствени претставници од Р. Северна Македонија да учествуваме на игрите при што им додели скромни подароци надополнети со пропаганден материјал од Охрид.











