Започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг

ЈП „Билјанини извори” ја известува јавноста дека од денес 15-ти јули започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг, уврдена со одлука на Советот на Општина Охрид број 08-8533/26 од 10.06 2019 година.

Премиум зоната се применува на сите јавни паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот.

Исто така ЈП „Билјанини извори” ги информира граѓаните на стариот дел на градот дека од денес 15-ти јули ставен е во функција електронскиот систем за влез и излез со помош на магнетни картички кај „Горна порта”, „Фаќач на крст” и црквата „Света Богородица-Каменско”.

Сите граѓани на стариот дел на градот кои до сега немаат обезбедено магнетни картички, денес ќе можат да го напуштат стариот дел на градот само преку излезната рампа кај „Горна порта”, а за повторен влез ќе мора да обезбедат магнетна картичка, која ја издава Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид.

Известување до јавноста

Согласно одлуката за давање на користење на недвижен имот – градежно земјиште со намена за сидрење на пловни објекти кој се наоѓа на М.В. ” Студенчишта” КП. бр 6472/1 КО Охрид од Општина Охрид на ЈП “Билјанини Извори” ги повикуваме сите сопственици на пловни објекти заинтересирани за закуп на сидришно место да дојдат во дирекцијата на ЈП “Билјанини Извори” за потпишување на преддоговор и резервација на сидришно место.
Ги известуваме сите заинтересирани дека после добивањето на согласност од страна на Советот на град Охрид на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и јавен паркинг простор со кој стопанисува ЈП “Билјанини Извори” број 02-386/2 од 28. 06 2019 година донесен од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори” ќе пристапиме кон потпишување на договори за закуп на сидришно место за пловните објекти.

Од понеделник 24 јуни Градскиот базен “Атина Бојаџи” отворен за сите корисници

Почитувани,
ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници. Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.
Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци.
Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.
ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на пливањето, рекреативци, родители со деца, сите граѓани да дојдат на градскиот базен и заедно со нас да се дружиме и уживаме во благодетите на пливањето и игрите во вода