Отчетност пред јавноста на директорката Гордана Јованоска

Како што е редот, при домаќинското и отчетно работење, посебно кога извршувате јавна функција, денес по повод едногодишното раководење на новиот тим на ЈП “Билјанини Извори” предводен од директорката Гордана Јованоска на прес конференција пред целата јавност беа изнесени сите факти, податоци и активности кои се постигнати и реализирани во изминатата година.
Продолжуваме напред !

Фаворити победници на турнирот во Баскет 3×3

Почитувани,
Екипата на Фаворити триумфираше на овогодинешниот турнир во Баскет 3х3 кој се одржа во изминатите месец дена во организација на ЈП Билјанин а по повод празникот 7 ноември. Екипата составена од Петар и Васко Бојоски, Јован Николоски и Марјан Бошалески во саботното финалето со 15-6 ја совладаа екипата на Ноа. Во полуфиналните пресметки Фаворити подобри беа од Ликвид (15-10), додека тимот на Ноа поуспешен беше од Дента Медика (9-6). Во битката за трето место славеше Ликвид кој со 14-8 победи против Дента Медика.Во шутирањето на тројки најдобар беше Марјан Бошалески (Фаворити) кој прецизно уфрли десет тројки. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 22 000 денари, а имаше и медали за најдобрите.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите поддржувачи и соработници во реализацијата на турнирот и најавува за наредното трето издание многу новитети како за учесниците така и за самите посетители.

Финален ден од турнирот во Баскет 3×3

После одигрување на 54 натпревари, 5 кола по групи, четвртфинални натпревари стигнавме и до последниот ден од овогодинешното издание на турнирот во Баскет 3×3. Во сабота 03.11. со почеток од 20 часот ќе започне последниот натпреварувачки ден после кој ќе ги дознаеме носителите на првите три места на турнирот.
Полуфиналните натпревари помеѓу Фаворити – Ликвид и НОА – Дента Медика ќе започнат од 20 часот после кое ќе следи натпреварот во тројки. Сите екипи учесници на турнирот имаат можност да пријават по еден натпреварувач кој ќе има можност да постане најдобар тројкаш на турнирот и за него организаторот има обезбедено награда.
По завршувањето на натпреварот во тројки прво силите ќе ги одмерат екипите кои ќе се борат за третото место по што ќе следи големото финале на Турнирот во Баскет 3×3.
За најдобрите три баскет тимови ЈП Билјанини Извори има обезбедено парични награди и тоа 12.000 денари за прво, 6.000 денари за второ и 4.000 денари за трето место. Исто така најдобрите ќе бидат наградени и со пехар, медаљи и благодарници.
ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите екипи учесници на турнирот, сите љубители на кошарката и спортот, кошаркарски школи, граѓани, да бидат дел од интересните натпревари за првите три места од турнирот во Баскет 3×3.