Нови технички помагала

После современиот електронскиот систем за наводнување ЈП “Билјанини Извори” од сопствени средства се поднови и со технички помагала за одржување на тревата на главното фудбалско игралиште како и на целокупната тревна површина на СРЦ “Билјанини Извори”.
Од денес дел од нашите технички помагала се и: една тракторска косилка со колектор за големи тревни површини Вилагер ВТ 1005ХД, три моторни самоодни косилки 87цм, два тримери и една моторна пила Стил. 👍👍👍👏👏👏

Во завршна фаза новата трибина

Новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во финална фаза на нејзина изградба. Со поставување на столчињата се завршува делот на надворешно опремување на трибината и остануваат уште внатрешните градежни активности. За потсетување, новата трибина е со капацитет од 1480 седишта и е заеднички проект на Општина Охрид и Фудбалска федерација на Македонија.

 

Градскиот базен од утре ги отвара вратите за сите

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека од утре 02 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници. Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.
Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци.
Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.
ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на пливањето, рекреативци, родители со деца, сите граѓани да дојдат на градскиот базен и заедно со нас да се дружиме и уживаме во благодетите на пливањето и игрите во вода.