ПОЗНАТИ СЕ ФИНАЛИСТИТЕ!

Полуфинале – резултати

20:00 ч.

АСП ПАК – Инекс Олгица Хотел и СПА

Регуларно време: 3:3. Пенали: 3:4

21:00 ч.

Гостилница кај Мече – Скопска Пивара Охрид

Регуларно време: 2:2. Пенали: 4:3

САБОТА, 7 НОЕМВРИ

МАЛО ФИНАЛЕ | 20:00 ч.

АСП ПАК – Скопска Пивара Охрид

ФИНАЛЕ | 21:00 ч.

Гостилница кај Мече – Инекс Олгица Хотел и СПА

Две возбудливи полуфиналиња, две пенал-завршници и уште два натпревари до конечниот победник!

Ве очекуваме на големото финале!

See less

ТУРНИР „Ohrid freed 2026“

⚽ Спортски дух, тимска игра и натпреварувачка атмосфера во Охрид!

Во рамки на одбележувањето на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, ќе се одржи турнирот „Ohrid freed 2026“, на кој шест екипи ќе се натпреваруваат за победничката титула.

📅 РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

🔹 Квалификациска фаза

📍 28, 29 и 30 октомври 2026 година

⏰ 20:00 и 21:00 часот

🔹 Полуфинале

📍 5 ноември 2026 година

⏰ 20:00 и 21:00 часот

🔹 Финална вечер

📍 7 ноември 2026 година

⏰ 20:00 часот – Мало финале

⏰ 21:00 часот – Големо финале

📊 Турнирот ќе се игра во две групи со по три екипи, според системот „секој со секого“. Најдобрите две екипи од секоја група ќе се пласираат во полуфиналето, по што ќе следуваат натпреварот за третото место и големото финале.

🤝 Ве покануваме да ги поддржите учесниците и заедно да придонесеме за спортски дух, фер-плеј и позитивна атмосфера во нашиот град!

❤️ Охрид – град на спортот, дружењето и заедништвото!

Ракометен турнир “Крсте Андоновски”

Спортска сала “Билјанини Извори”, домаќин на традиционалниот ракометен турнир “Крсте Андоновски”.

На сите учесници им посакуваме многу успех и да уживаат во престојот во Охрид.

А за нашиот ГРК Охрид – GRK Ohrid, навиваме со срце!

Среќно момци, нека Охрид повторно се гордее со Вас !