Јавен повик бр.01/2026

Почитувани објавен е Jавен повик за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на членови за управен и членови за надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење на јавните претпријатија основани од страна на Советот на општина Охрид.

Врска до огласот и пријавата е тука

Известување

ЈП „Билјанини Извори“ ја информира јавноста дека активностите поврзани со сечењето на дел од дрвјата во просторот на каналот „Студенчишта“ се преземени исклучиво од безбедносни причини, во координација со здружението „Збогум Буково“ и врз основа на соодветно одобрение за сечење. Станува збор за дрвја кои поради својата состојба и местоположба претставуваа реална опасност за пловните објекти, како и за безбедноста на граѓаните кои се движат, работат или престојуваат во тој дел од каналот. Интервенцијата не е преземена произволно, ниту со намера да се наруши зеленилото, туку како неопходна мерка за спречување на можни штети, несреќи и загрозување на човечки животи. ЈП „Билјанини Извори“ целосно ја разбира чувствителноста на јавноста и на еколошките здруженија кога станува збор за сечење дрвја. Токму затоа сакаме јасно да нагласиме дека ова не е активност насочена против природата, туку одговорна постапка во ситуација кога безбедноста мора да биде приоритет. Секоја ваква интервенција треба да се гледа низ призмата на јавниот интерес, заштитата на луѓето и спречувањето на поголеми последици. Воедно, претпријатието се обврзува дека на местата каде што е можно ќе бидат засадени нови дрвја во рамки на просторот на каналот „Студенчишта“. Дополнително, ЈП „Билјанини Извори“ заедно со здружението „Збогум Буково“ и досега активно работи на зголемување на зелените површини, при што на територијата со која стопанисува претпријатието, како и во рамки на просторот на каналот „Студенчишта“, веќе се засадени десетици нови дрвја. Нашата цел е да обезбедиме уреден, безбеден и одржлив простор, со почитување и на природата и на потребата за заштита на граѓаните. Затоа апелираме јавноста да не носи избрзани заклучоци, туку да ги земе предвид фактите: дрвјата претставуваа опасност, постапката е спроведена со одобрение, а просторот ќе продолжи да се уредува со нови садници и грижа за зеленилото. ЈП „Билјанини Извори“ останува отворено за соработка со граѓаните, здруженијата и сите добронамерни чинители кои сакаат да придонесат кон безбедна, чиста и зелена средина во Охрид.

Пролетни активности на ЈП „Билјанини Извори“.

Со доаѓањето на пролетта, започнавме со интензивна подготовка на тревнатите површини. Извршивме механичка обработка и длабинско проветрување на почвата (20+ см), со што се овозможува подобра аерација и природна размена на гасови.Следуваше пресејување со квалитетна тревна смеса, прихрана со комплексно гранулирано ѓубриво и фолијарен третман со современи стимулатори за раст, PH стабилизатори и биолошки препарати на база на Ecklonia maxima и Bacillus subtilis.Целта е јасна, здрав, густ и отпорен тревник со силен коренов систем подготвен за летниот период.Во финалната фаза се спроведе топ-дресинг (песочење), со што се подобрува структурата на површината и се обезбедува идеален контакт на семето со почвата.Продолжуваме посветено да инвестираме во квалитетот на спортските и рекреативните површини за сите граѓани.