Традиционално доделување на новогодишни пакетчиња

ЈП “Билјанини Извори” во соработка со Супермаркети “Миса” и Фото “Рекс” во друштво со Дедо Мраз во традиционална новогодишна посета на децата со посебни потреби од ОУ СВ.Климент Охридски, децата од Дневниот центар “Зраци” и децата кои се згрижени во дневниот центар Добротољубие во црквата Св. Ѓорѓија. На сите дечиња ЈП “Билјанини Извори” и Дедо Мраз им подарија новогодишни пакетчиња и им посакаа Среќна нова година и Среќни божични празници.

У21 репрезентацијата на Македонија во фудбал на припреми во Охрид

У21 репрезентацијата на Македонија во фудбал од 09. 12. е на есенски подготовки во Охрид. Припремите ќе се заокружат со утрешниот (сабота) натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија У21 и сениорскиот тим на ФК Работнички.
Натпреварот е со почеток од 13 часот и се игра на градскиот стадион “Билјанини Извори”

Нова трибина на градскиот стадион “Билјанини Извори”

Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, денес, потпишаа меморандум за соработка. Во рамки на меморандумот е опфатен проектот за изградба на новата трибина на стадионот „Билјанини извори“ со кој ние стопанисуваме.
Градскиот стадион “Билјанини Извори” конечно ќе го добие заслужениот изглед на задоволство на сите фудбалски и атлетски школи, клубови и секако федерации. Ние сме убедени дека оваа спортска инвестиција дополнително ќе ни помогне во уште поголемиот развој на спортскиот туризам преку одржување на многубројни меѓународни спортски настани како и преку зголемувањето на бројот на корисници на услугите на градскиот стадион во текот на целата година.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на Општина Охрид и ФФМ за поддршката во развојот на спортската инфраструктура со која ние како претпријатие стопанисуваме.