Од понеделник 24 јуни Градскиот базен “Атина Бојаџи” отворен за сите корисници

Почитувани,
ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници. Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.
Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци.
Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.
ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на пливањето, рекреативци, родители со деца, сите граѓани да дојдат на градскиот базен и заедно со нас да се дружиме и уживаме во благодетите на пливањето и игрите во вода

НБА играчот на Кливленд Кавалирс Чеди Осман на подготовки во спортска сала “Билјанини Извори”

ЈП Билјанини Извори во соработка со КК Колибри организираше кошаркарско дружење со кошаркарскиот НБА играч со охридско потекло Чеди Осман.🏀👍⛹️‍♂️
Интересни НБА информации, совети, движења, закуцавања и уште поинтересни прашања од малите колибриња 💪👏💪👏

Известување за измена на режимот на сообраќај

Почитувани,
Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на ул. Кузман Јосифоски Питу од почетокот па се до пресекот со ул. Партизанска (Универзитет Апостол Павле), додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала “Билјанини Извори”.
Напоменуваме дека на секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање.
Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари.