Отворен летниот базен

Известување за сите љубители на пливањето и рекреативци, деца и родители.Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информира дека летниот базен официјално ќе започне со работа во четврток, на 3 јули 2025 година, со почеток во 09:00 часот.Ве очекуваме!

Унапредување на спортската инфраструктура

Продолжуваме со унапредување на спортската инфраструктура!Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ успешно ја заврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева. Поставени се нови елементи за безбедност и комфор, а трибината е освежена со нови седишта и подобрена стабилност.Во претходниот период беше поставено и ново теренско осветлување, овозможувајќи квалитетни услови за натпревари и тренинзи и во вечерни часови. Со овие активности, продолжуваме со реализација на нашата мисија за создавање современи и функционални спортски простори, достапни за сите спортисти и граѓани на Охрид. Инвестициите продолжуваат.

Од срце даруваме!

Хуманост на дело: Трка за поддршка, сочувство и солидарност со трагедијата од КочаниВо организација на ЈП „Билјанини Извори“ и СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид , успешно се одржа хуманитарна трка посветена на жртвите и повредените од трагичниот настан во Кочани.Настанот обедини голем број хумани луѓе, спортисти и граѓани кои преку спорт и заедништво изразија поддршка, сочувство и солидарност со сите засегнати семејства.Трката покажа дека кога најмногу е потребно, хуманоста, младите и институциите се на вистинското место — рамо до рамо за оние на кои им е најтешко. Од срце – срце даруваме!