Трето и четврто коло од турнирот во Баскет 3×3

Третото и четвртото коло во Баскет турнирот 3×3 се позади нас. Ни претстојат петто и шесто коло кои ќе се одиграат на 02. 11. 2019 (сабота) и седмо коло и четвртфиналните натпревари кои ќе се доиграат на 03. 11. 2019 (недела). Натпреварите во сабота ќе стартуваат во 19 часот додека за недела распоредот и времетоза одигрување дополнително ќе се соопштат.
Резултатите, табелите по групи и распоредот по натпревари за петто и шесто коло ви се објавени во долуприкачениот документ.
Како и до сега така и во сабота и недела ве очекуваме да сте со нас и да ги проследиме интересните натпревари од турнирот во Баскет 3×3.

Утре старт на турнирот во Баскет 3×3

Утре стартува вториот по ред турнир во Баскет 3×3. Утре шната програма започнува во 19 часот и ќе ни понуди две кола во двете групи и тоа:

Група А – Прво коло

Мт Интернационал – Кентерс
Ликвид – Органска Буковка
Дентал Медика – Костал 2
Слободна екипата на Нова Ривиера

Група А – Второ коло

Мт Интернационал – Ликвид
Кентерс – Органска Буковка
Дентал Медика Нова Ривиера
Слободна екипата на Костал 2

Група Б – Прво коло

Алпојо – П. Лихнида
Аквариус – Леарница
Костал 1 – Грини
Слободна екипата на НОА

Група Б – Второ коло

Алпојо – Аквариус
П. Лихнида – Леарница
Костал 1 – НОА
Слободна екипата на Грини

Влез слободен

1 Меѓународен турнир во фудбал “Охридски Бисери”

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека утре во 09 часот свечено ќе биде отворен првиот меѓународен турнир во фудбал “Охридски Бисери” генерација 2008/2009 и 2010. Натпреварите ќе се одиграат на терените на Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори” и тоа на 18 и 19 октомври со почеток од 9 часот и 30 минути.
На турнирот ќе учествуваат 10 фудбалски екипи со своите тимови по генерации и тоа од Охрид, Р. Хрватска и Р. Црна Гора при што посебно би сакале да го истакнеме присуството на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб.
Ги покануваме сите фудбалски фанови да ни се придружат на свеченото отварање утре (петок) со почеток од 9 часот на градскиот стадион за да после тоа заедно со нас ги проследат возбудливите фудбалски натпревари од првиот ден на меѓународниот турнир “Охридски Бисери”.