Голема акција за санирање и реконструкција на фудбалскиот градски терен

Почитувани,

ЈП Билјанини Извори започнува голема акција за реконструкција и санација на главното градско игралиште за фудбал. Се планира да се заменат околу 3000 м2 оштетен бусен (тревна подлога) со нов и на таков начин како никогаш до сега да се подобрат условите за одигрување на фудбалските натпревари. Реконструкцијата ќе трае до 1 мај така што ја известуваме јавноста дека до тој датум градскиот стадион “Билјанини Извори” ќе биде затворен за користење од страна на фудбалските екипи и школи.

Спортски ден

Почитувани,

ЈП Билјанини Извори за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија организира Спортски ден во петок од 10 до 14 часот. Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреација кај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општините. Водејќи се со таа цел ние како претпријатие ги покануваме сите вработени и мажи и жени од јавните претпријатија од Охрид и општината Охрид да се приклучат и да бидат дел од ова несекојдневно дружење.Учесниците ќе се натпреваруваат во неколку спортови и тоа мал фудбал, пинг понг, баскет и тенис.
Спортскиот ден ќе се одржи во Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори” при што за потребите на спортовите ќе се користат неколку спортски објекти од затворен и отворен карактер.
ЈП Билјанини Извори за првопласираните три екипи во сите категории има обезбедено награди и тоа пехари, медаљи и признанија.

Ф4 ракометен турнир во младинска категорија

Викендов кој доаѓа во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи завршниот турнир во Младинската ракометна лига на кој учествува ќе земат најдобрите четири екипи од регуларниот дел во сезоната.

Довербата за организација од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја доби Ракометниот клуб Охрид, кој на големо се подготува за собирот на најдобрите екипи во младинска конкуренција.

Полуфиналната програма ќе ја отворат екипите на Струга и Металург кои ќе се сретнат во 17 часот, а ќе ја затворат домаќинот Охрид и КЛ7 со дуелот во 19 часот. Мечот за трето место ќе се одигра в недела во 15 часот и 30 минути, додека финалето е закажано за 17 часот и 30 минути.

Распоред:

Сабота:

17ч. Струга – Металург

19ч. Охрид – КЛ7

Недела:

15:30ч Меч за трето место

17:30ч Финале