Фудбалски клубови од нашата земја и странство пристигнуваат на зимски припреми

Подготовките во Охрид веќе ги започнаа амбициозните второлигаши Струга Трим Лум и Лабуништа, а допрва ќе доаѓаат останатите македонски клубови и најдобрата женска репрезентација.
За жал поради студеното време и големата количина на снег која заврна во Охрид и околината екипите кои беа први најавени го откажаа доаѓањето. Но сепак ние имаме клубови кои го одбраа Охрид како град и нашите терени како место за подготовки. Покрај македонските клубови Ренова, Брегалница, Силекс и Борец во Охрид ќе престојува и најдобрата женска репрезентација во фудбал. Од странските екипи во Охрид ќе дојдат Металац, Јавор Ивиња, Младост Лучане и уште две албански екипи кои се уште не го имаат потврдено точниот термин. – изјави директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *