Подарени новогодишни пакетчиња

Традиционално, ЈП “Билјанини Извори” пред новогодишните празници ги посети здружението Добротољубие, Зраци, игротеката Радост, здружението за глувонеми и надглуви, здружението Тајните на моето срце и специјалната паралелка во ООУ Св. “Климент Охридски” и на сите им подари новогодишни пакетчиња. 🎁🎁🎁Тимот на јавното претпријатие на здруженијата и нивните штитеници им посакаа среќни празници и многу љубов и здравје во новата 2024 година. ❤️❤️❤️