Хуманитарен турнир “Ohrid Freed”

Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се извлече ждрепка за групите на вториот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”. Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации првопласираните ќе играат до самото финале. На почетокот на ждрепката одговорниот за реализација на турнирот, Тони Илијоски, ги информираше сите присутни околу правилата и прописите кои ќе бидат на важност за време на одржувањето на турнирот. Турнирот започнува на 24 октомври од 19 часот. Први ќе го отворат екипите од групата А, Инекс Олгица хотел и спа и РЕК Битола. Натпреварите по групи ќе се играат на 24/25/26/28/29 и 30 октомври од 19 до 23 часот. Ги покануваме сите љубители на малиот фудбал да бидат дел од нас и вториот по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”.

Група А

1. Инекс Олгица хотел и спа 2. ЛТХ Леарница3. ЈП Водовод Охрид4. РЕК Битола

Група Б

1. Гостилница Кај Мече2. КОСТАЛ Македонија3. ЈП Колекторски систем Охрид 4. ЈП Нискоградба Охрид

Група В

1. Кафе бар Струга2. МАГНА3. ЈП Охридски Комуналец4. Провелд Метал дизајн Волино

Група Г

1. АСП ПАК2. ОДВ Електрик3. Општина Охрид4. Бел Мерцедес

Од народ за народ. ❤️

Од народот за народот таму каде што е најпотребно. ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, кој се организира втора година по ред. Од аконтација за учество се собраа средства во износ од 144 000 денари. Заедно со организаторите одлучивме овие средства да ги распределиме онаму каде што во моментов има најголема потреба.➡80 000 денари се донираат кај нашта сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување се потребни повисок износ. Тука упатувам апел до сите кои имаат можност да помогнат тоа да го сторат преку трансакциските сметки кои се јавно достапни. ➡30 000 денари донираме на Здружението „Ретко е да си редок“ и➡30 000 денари донираме на Здружението на деца со дијабет.

Почитувани,

ЈП “Билјанини Извори” – Охрид во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании а по повод ослободувањето на Охрид организира и оваа година втор по ред 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”. Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список на играчи (име, презиме, заверен со печат и потпис од правниот субјект) треба да биде доставен до дирекција на JП “Билјанини Извори” најдоцна до 19.09.2024 година. 

Котизацијата за овој турнир ќе изнесува 9000 денари по екипа. Средствата треба да бидат уплатени најдоцна до 27.09.2024 година (петок) на следната жиро сметка: 250000200889342, Шпаркасе Банка, цел на дознака: за турнир во мал фудбал “OHRID FREED”. 

Пријавувањето на екипите ќе се врши на нашиот e-mail: biljaninizvori@gmail.com или на телефонскиот број 076443004 (Тони Илијоски). Бројот на екипи е ограничен.