ЈП “Билјанини Извори” во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании, организира и оваа година, втора по ред, Хуманитарен “7-мо Ноемвриски” турнир во мал фудбал. Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список на играчи ( име, презиме, бр. на лична карта, заверени со печат и потпис од организацијата ) треба да биде доставен до дирекцијата на ЈП “Билјанини Извори” , спортска сала “Билјанини Извори” најдоцна до 13. 09. 2024 година.Котизацијата за овој турнир ќе изнесува 9000 денари по екипа, и истите треба да бидат уплатени најдоцна до 27.09.2024 година (петок). Жиро сметка: 250000200889342, Шпаркасе Банка, Цел на дознака: за хуманитарен турнир во мал фудбал.Пријавувањето на екипите ќе се врши преку нашиот официјален мејл biljaniniizvori@gmail.com. За повеќе информации Ве молиме да се обратите на нашето одговорно лице за хуманитарниот турнир Тони Илијоски (076/443004).Бројот на екипи е ограничен затоа побрзајте и резервирајте го Вашето место како учесник на хуманитарниот турнир во мал фудбал.Парични средства собрани по основ на котизација ќе бидат насочени за хуманитарна цел за која дополнително ќе одлучиме и ќе ја известиме јавноста. За првопласираните три екипи следува пехар додека на сите учесници организаторот ќе им додели благодарници и термини за спортски активности во спортскиот центар “Билјанини Извори”.
Category Archives: Uncategorized
Подготовки за квалификациите од Лига на шампиони
Почитувани, на 3 јули стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” како последни подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. За потсетување нашиот шампион тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Слован Братислава од Словачка. Ние како претпријатие во соработка со македонскиот фудбалски шампион максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за одигрување на натпреварот. За да го постигнеме тоа од 03 јули до 25 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи така што им се заблагодаруваме на разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници што во посочениот период нема да можат да го користат градскиот фудбалски терен. ЈП “Билјанини Извори” на македонскиот фудбалски шампион им посакува многу успех во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.
Известување за градскиот базен
Почитувани, ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од понеделник 1 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за користење. Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 голем базен и 13 – 17:30 мал базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи.
Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.

