Хуманитарен турнир во мал фудбал

7-мо Ноемвриски хуманитарен турнир во Мал фудбал. ⚽⚽JP Biljanini Izvori Ohrid во соработка со Општина Охрид организира хуманитарен турнир во Мал фудбал. Турнирот се одржува по повод чествувањето на 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид. На турнирот учествуваат 12 фудбалски тимови (ЈП “Билјанини Извори”, Општина Охрид, ЈП “Охридски Комуналец”, ЈП “Градски Пазар”, ЈП “Водовод”, ЈП “Нискоградба”, ЕкоШпар, Костал, Магна, Жито леб-Екстра Скопско, ЛТХ Леарница и АСП-ПАК) распоредени во 4 групи по три тима.Натпреварите од турнирот ќе се одржат во спортската сала “Билјанини Извори” и тоа на 28/29 10. 2023 и на 04/05 11. 2023 година. За најуспешните три тимови се обезбедени пехари додека собраните средства за учество на турнирот (6000 по тим) ќе се донираат во хуманитарни цели за што дополнително ќе ја известиме јавноста.Распоред на групи:Група А – ЈП “Билјанини Извори”, ЛТХ Леарница и Магна,Група Б – АСП ПАК, Жито Леб-Екстра Скопско и Општина Охрид,Група Ц – ЕкоШпар, ЈП “Охридски Комуналец” и Костал, иГрупа Д – ЈП “Нискоградба”, ЈП “Водовод” и ЈП “Градски Пазар”.Натпреварите започнуваа во сабота на 28 ноември од 9 часот. ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите тимови за учеството и поддршката на хуманитарниот турнир во мал фудбал и воедно ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на натпреварите и на таков начин бидат и тие дел од дружењето и поддршката на нашите заеднички цели.

Подготвителни активности пред претстојниот натпревар од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал

Со стартот на денешните активности на градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” започнаа финалните подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. За потсетување нашиот шампион тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Литвански Жалгирис. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јули кај Жалгирис додека вториот натпревар ќе се игра во Охрид на градскиот стадион “Билјанини Извори” на 18 јули. Ние како претпријатие максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за играње на фудбал. За да го постигнеме тоа од денес до 19 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи така што им се заблагодаруваме на соработката и разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници. ЈП “Билјанини Извори” на нашиот фудбалски шампион им посакува многу успех во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.

СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА ОД ХУМАНИТАРНИТЕ ПАРКИНЗИ ДОНИРАНИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА АУТИЗАМ „ВО МОЈОТ СВЕТ”

Финансиските средства кои беа собрани во рамки на проектот „Хуманитарни паркинзи“ реализиран од страна на ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид, денеска беа донирани на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, кој функционира во охридската Општа болница.Се работи за износ од 62.420 денари и истиот бил наплатен од двете хуманитарни паркинг места на улица „Кеј Македонија“, со кој претпријатието располагаше во период од 20.07.2022 до 31.12.2022 година. Одлуката за доделување на средствата ја донесе Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, на состанок одржан на 29.03.2023 година. Проектот „Хуманитарни паркинзи“ започна да се реализира минатото лето на иницијатива на градоначалникот, Кирил Пецаков и е дел од заложбите на ЈП „Билјанини Извори“ за општествена одговорност и поддршка на здруженијата на граѓани.Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните што ги користеа хуманитарните паркинзи со порака и апел да продолжат да ги користат црвените паркинг места и да даваат помош онаму каде што е најпотребна.Од ЈП „Билјанини Извори“ најавуваат дека наскоро ќе обележат уште еден хуманитарен паркинг кој ќе биде лоциран на улица „Партизанска“ во близина на зградата на Македонски пошти, за што јавноста ќе биде навремено информирана.