Активности на градскиот стадион

Почитувани,ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека од четврток 23 март до 31 март градскиот стадион “Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење. Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион од четврток ќе започнат со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева. ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови. 

Зимски фудбалски припреми

Стартот на зимските фудбалски припреми за нас како домаќини повеќе од одличен. 😉😉😉😉Дел од македонските тимови веќе ги завршија припремите дел заедно со гостите од Косово, Србија, Албанија се тука или доаѓаат во наредните денови. 💪💪💪ЈП “Билјанини Извори” на сите тимови им посакува успешни зимски припреми и многу успех во пролетниот дел на фудбалската сезона. 👍⚽️👍⚽️👍⚽️#ЈПБилјаниниИзвори#СРЦБилјаниниИзвори#ОпштинаОхрид#Фудбал#СпортскиТуризам#Спорт

За Божиќ бесплатни паркинзи

Почитувани,

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2023 (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање и во таа насока ја донесе оваа одлука. ЈП “Билјанини Извори” им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.

За многу години,  “Христос се роди”.