Бесплатен паркинг за Водици

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 19. 01. 2022 (среда) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот верски празник Богојавление-Водици и на таков начин, на симболичен начин, ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето на истиот. 

За многу години!

За Божиќ бесплатен паркинг

Почитувани,ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2022 (петок) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање. ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.За многу години  “Христос се роди”

Работна средба со фудбалските школи

ЈП “Билјанини Извори” денес реализираше работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ “Билјанини Извори”. Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпијатие и на истиот присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување. Спортот и спортските клубови, школи се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков така што и во иднина ваквиот начин на комуникација и еден вид на соработка ќе продолжи и со другите правни субјекти кои ги користат услугите на претпријатието со цел да се слушни гласот на спортските работници и да се етаблира конструктивен начин на соработка.