Градскиот стадион “Билјанини Извори” и Охрид домаќини на женските А репрезентации на Република Северна Македонија и Луксембург. Причината е утрешниот натпревар кој ќе се одигра на градскиот стадион со почеток од 13 часот и 30 минути. Натпреварот е дел квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во 2023 година. ![]()
![]()
![]()
ЈП “Билјанини Извори” и посакува многу успех на нашите фудбалерки на утрешниот натпревар и воедно ги поканува сите љубители на фудбалот да дојдат утре и заедно да го бодриме нашиот национален тим. ![]()
![]()
![]()
![]()
Category Archives: Uncategorized
Нови технички помагала
После современиот електронскиот систем за наводнување ЈП “Билјанини Извори” од сопствени средства се поднови и со технички помагала за одржување на тревата на главното фудбалско игралиште како и на целокупната тревна површина на СРЦ “Билјанини Извори”.
Од денес дел од нашите технички помагала се и: една тракторска косилка со колектор за големи тревни површини Вилагер ВТ 1005ХД, три моторни самоодни косилки 87цм, два тримери и една моторна пила Стил. 






Во завршна фаза новата трибина
Новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во финална фаза на нејзина изградба. Со поставување на столчињата се завршува делот на надворешно опремување на трибината и остануваат уште внатрешните градежни активности. За потсетување, новата трибина е со капацитет од 1480 седишта и е заеднички проект на Општина Охрид и Фудбалска федерација на Македонија.



