ЗАВРШЕН ТУРНИРОТ ВО ФУТСАЛ OHRID FREED 2025 – АСП ПАК ТРИУМФИРА!

Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025.

Финалната вечер, која се одржа во чест на Денот на ослободување на Охрид – 7 ноември, донесе вистински спортски спектакл и два возбудливи натпревари исполнети со страст, борба и фер-плеј дух.

🥉 Натпревар за трето место:

ЈП Охридски Комуналец успеа да ја совлада екипата на Гостилница кај Мече со 3:2, освојувајќи го заслужено третото место.

🏆 ГОЛЕМО ФИНАЛЕ:

Во интересно финале, тимот на АСП ПАК извојува победа над силниот состав на ГРАНИТ X со 6:4, со што го освои престижниот трофеј и стана шампион на турнирот Ohrid FREED 2025.

JP Biljanini Izvori Ohrid изразува голема благодарност до сите учесници, гледачи, поддржувачи и соработници кои помогнаа во реализацијата на ова спортско издание. Посебна благодарност и до Општина Охрид, како и до сите спонзори и медиуми кои дадоа свој придoнес во организацијата на турнирот.

Со завршувањето на турнирот Ohrid FREED 2025, уште еднаш се потврди дека спортот ги обединува луѓето и создава незаборавни моменти.

Најавуваме дека следното издание во 2026 година ќе донесе уште поголема конкуренција, нови изненадувања и уште подобра спортска приказна.

👏 Ви благодариме на сите што бевте дел од Ohrid FREED 2025!

📍 Се гледаме повторно на Ohrid FREED 2026!

OHRID FREED 2025

Возбудата расте! По четири возбудливи дена исполнети со одличен футсал, неизвесни натпревари и многу емоции, вчера се заокружи групната фаза на турнирот Ohrid FREED 2025!

Резултати 30. 10. (четврток):

МАГНА : ЈП Колектор : ЈП Нискоградба – 2:4
КОСТАЛ Македонија : Општина Охрид – 7:3
Инекс Олгица Хотел и СПА : ЈП Охридски Комуналец – 2:1

✅ По завршувањето на вчерашните натпревари, познати се и осумте најдобри екипи кои продолжуваат во четвртфиналните натпревари, таму каде што секој потег може да биде пресуден, а секој гол може да значи пласман во големото полуфинале!

Најинтересно во групната фаза беше во групата Б каде трите екипи имаа ист број на бодови но согласно гол разликата во четвртфинале се пласираа екипите на ЈП Охридски Комуналец и Инекс Олгица Хотел и СПА.

👏 Благодарност до сите екипи за фер и борбена игра, до публиката за фантастичната поддршка кои создадоа вистинска спортска атмосфера во спортската сала “Билјанини Извори”.

📍 Следуваат четвртфиналните дуели – најдоброто допрва доаѓа!
Четвртфинале:

03.11.2025 (понеделник)
Гранит X : Инекс Олгица Хотел и СПА – 20 часот
Гостилница кај Мече : Костал – 21 часот
04.11.2025 (вторник)
Провелд : ЈП Охридски Комуналец – 20 часот
АСП ПАК : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 21 часот

Се гледаме на 03 ноември, 20 часот! 👍⚽👍⚽