Недела е ден за баскет!

3 на 3 турнирот се враќа, поголем, подобар и со уште повеќе енергија! Оваа недела, 15 часот, време е за дружење, добра кошарка и маалски адреналин на паркет! Голема благодарност до нашите пријатели и поддржувачи: Леонардо пицерија — за вкусната поддршка, Хотел СУ — за гостопримството, Кожувчанка — за свежината на терен, Лабино Саунд — за звукот што го крева темпото и ја носи атмосферата на повисоко ниво. Без вас, ова нема да е исто. Недела, 07.12. 2025, 3×3, спорт, енергија и добро дружење.

Сите сте добредојдени!

НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИОТ 3×3 БАСКЕТ ТУРНИР – ОХРИД

Дојде времето за долгоочекуваниот кошаркарски спектакл! Оваа недела ќе се одржи големиот 3×3 баскет турнир, исполнет со адреналин, забава и вистинска спортска магија.Старт: 15:00 часот. Први на терен излегуваат нашите најмлади кошаркари во ревијален дел, поделени во три категории: М12, М14 и М16. Нивниот ентузијазам и борбеност ќе ја отворат кошаркарската атмосфера на најдобар можен начин.После ревијалниот дел, започнува вистинската баскет акција! На турнирот учествуваат 12 екипи, поделени во две групи. Следува борба за секој поен, секој офанзивен скок и секоја украдена топка! Полуфинале и Финале: 07.12.2025 од 20:00 часот. Очекувајте: многу забава, изненадувања, дружење, украдени топки, забивања, невозможни пасови и вистинско шоу!

Ве очекуваме да уживаме заедно во најмасовниот спорт во светот, баскет 3×3!

Да создадеме атмосфера што ќе се памети! Ве очекуваме!

Хуманоста и заедништвото на дело!

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, по иницијатива на Градоначалникот на Охрид, преку своите активности продолжува со својата мисија, да биде пример за општествена одговорност и човечност во заедницата.По иницијатива на градоначалникот, средствата собрани од хуманитарните паркинзи, во износ од 150.000 денари, ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски, кој води тешка животна битка.Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја поддршка значи чекор поблиску до победата. Доколку сте во можност, донации може да се извршат на: Комерцијална банка: 300017121388653, Девизна сметка: 02-307-0699762.3. Телефонски броеви за донации: Телеком МК – 143107 А1 – 143474. Дополнително, преку средствата собрани од турнирот „Ohrid FREED 2025“, ЈП „Билјанини Извори“ доделува:

50.000 денари на Здружение за воспитно-образовна психо-социјална поддршка – ВОПС Охрид, 50.000 денари на Здружение на лица со дијабет тип 1 – Охрид

Овие донации се доказ дека кога институциите, граѓаните и градот делуваат заедно, можеме многу повеќе!

Продолжуваме да ја градиме нашата приказна, за подобро, похумано и посилно утре.