Стартуваше турнирот во футсал – OHRID FREED 2025!

Првото коло донесе одлични натпревари, многу возбуди и вистински спортски дух! 📊 Резултати од првото коло:Гостилница Мече – Магна ➜ 4️⃣ : 4️⃣Инекс Олгица Хотел & СПА – Чардак Велгошти ➜ 5️⃣ : 6️⃣Провелд – Гранит X ➜ 3️⃣ : 5️⃣Публиката уживаше во фантастични голови, борбена игра и фер-плеј атмосфера , токму она што го прави овој турнир посебен!Вечер следуваат нови возбудувања од второто коло, останете со нас!АСП ПАК : Костал Македонија – 20 часот.ТАВ Македонија : Гранит X – 21 часот.Гостилница кај Мече : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 22 часот

Распоред и датуми за футсал турнирот „Ohrid freed“

Со задоволство го објавуваме распоредот и термините за одигрување на натпреварите. Натпреварите ќе се играат од 27 октомври до 07 ноември за кога се планира големото финале. Традиционално локацијата е спортската сала „Билјанини Извори“.Следете ја страницата за дневен распоред, резултати и фотографии од натпреварите.Нека победи најдобриот тим и сите заедно да уживаме во спортот и фер-плејот!Со среќа на сите учесници.

Извлекување на групите за “Ohrid Freed”

Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се одржа ждрепка за групите на третиот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”. Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи по три екипи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации прво и второ пласираните ќе играат до самото финале. На почетокот на ждрепката одговорниот за реализација на турнирот, Тони Илијоски, ги информираше сите присутни околу правилата и прописите кои ќе бидат на важност за време на одржувањето на турнирот. Група А1. Гостилница Кај Мече2. МАГНА3. ЈП Колекторски систем Охрид и ЈП Нискоградба ОхридГрупа Б1. Инекс Олгица хотел и спа 2. ЧАРДАК3. ЈП Охридски КомуналецГрупа В1. Провелд2. Гранит3. ТАВ МакедонијаГрупа Г1. АСП ПАК2. КОСТАЛ Македонија3. Општина ОхридПосле одигрување на натпреварите по групи во понатамошната елиминациска фаза ќе вкрстува групата А со групата Г и групата Б со групата В се до самото финале.Термините и деновите за одигрување на натпреварите дополнително ќе бидат објавени. Ги покануваме сите љубители на малиот фудбал да бидат дел од нас и третиот по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”.