Известување до сите корисници на јавен паркинг простор со кој стопанисува ЈП “Билјанини Извори”.Почитувани, согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори, Бр. 02-1267/2, донесена на 27. 12. 2022 година, ЈП “Билјанини Извори” ги известува сите граѓани дека од утре, 1 октомври, ќе има измена на цените на паркинг услугите кои ние ги стопанисуваме. Имено од 1 октомври цените на зона А, зона Б, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. Измената важи за период од 01. 10. 2025 до 31. 03. 2026 година.
Category Archives: Uncategorized
“Трофеј” Македонија
Спортската сала “Билјанини Извори” подготвена за старт на “Трофеј Македонија” меѓународниот турнир во ракомет за жени на кој покрај Македонија ќе учествуваат и соодветните репрезентации на Грција, Тунис и Египет. За повеќе информации посетите ја официјалната страна на Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница. ![]()
![]()
![]()
Набавен нов LOVOL 404
J.П. „Билјанини Извори“ продолжува со вложувања во унапредување и модернизација на опремата за одржување на тревнатите спортски терени. Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, реализирана е набавка на нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени. Заедно со тракторот е набавена и повенаменска вертикална косилка PERUZZO коала 1600, која покрај редовното косење овозможува и отстранување на сувата трева преку посебни ножеви. Согласно потребите на претпријатието, дополнително е обезбедена и опрема за подобро одржување и прихрана на тревата – ѓубре расфрлач со хидроулично регулирање и прскалка 330L со АГМ пумпа со 8 метри рам, со кои ќе се овозможи оптимално прихранување и третирање на тревната подлога, како на фудбалските терени, така и на голф теренот. Со оваа набавка, Ј.П. „Билјанини Извори“ продолжува да создава услови за современо и професионално одржување на спортската инфраструктура со која стопанисува јавното претпријатие.






