Известување за сите станари и корисници на картички за транзит на паркинзи со рампи во Охрид.ЈП “Билјанини Извори” Охрид ги известува сите станари и корисници на картички за транзит на паркинзи со рампи, дека истите треба веднаш да се обноват во канцеларијата на Јавни Паркинзи на ЈП “Билјанини Извори” кај угостителскиот објект Конект или на шалтер/канцеларијата на ЈП “Билјанини Извори” која се наоѓа на Кеј Македонија.Ви благодариме на соработката
Category Archives: Uncategorized
Отворен летниот базен
Известување за сите љубители на пливањето и рекреативци, деца и родители.Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информира дека летниот базен официјално ќе започне со работа во четврток, на 3 јули 2025 година, со почеток во 09:00 часот.Ве очекуваме!
Унапредување на спортската инфраструктура
Продолжуваме со унапредување на спортската инфраструктура!Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ успешно ја заврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева. Поставени се нови елементи за безбедност и комфор, а трибината е освежена со нови седишта и подобрена стабилност.Во претходниот период беше поставено и ново теренско осветлување, овозможувајќи квалитетни услови за натпревари и тренинзи и во вечерни часови. Со овие активности, продолжуваме со реализација на нашата мисија за создавање современи и функционални спортски простори, достапни за сите спортисти и граѓани на Охрид. Инвестициите продолжуваат.




